24.04.2008
Во соборниот храм "Св. Св. Кирил и Методиј" во Тетово денес на Велики четврток се служеше литургија на Св. Василиј Велики, по што беше извршен чинот на маслосвет.
Во попладневните часови во сите цркви во градот се читаа 12 -те евангелија и се изнесуваше распетието христово. На денешниот ден, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја Востановил Светата тајна причест, земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв.
Со литургија на Василиј Велики во црквите во гостиварскиот крај се обнови споменот на Велики Четврток.
Вапцувањето на црвените јајца започнува денес на Велики четврток рано наутро, пред изгревот на сонцето. Традицијата ја негуваат и тетовските и гостиварскитe домаќинки кои денес поранија за да ги вапцаат првите три јајца. Црвената боја има симболика на победа на животот над смртта, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава.
Channel: Travel & Events Uploaded: April 26, 2008 at 3:43 am Author:Makedonier